Сируп од врбовка без додаден шеќер

690 ден

Има на залиха

Природен производ без додаток на шеќер
Нето: 250 мл/350 гр
1 шише е доволно: за возрасни = 15 дена, за деца 1 месец конзумација.
Состав: екстракт од врбовка(лист и цвет), маџун од грозје.
Домашен производ од Малешевскиот регион, направен по оригинален рецепт.

Категорија:

Сируп од врбовка без додаден шеќер е производ од палетата производи на нашиот бренд БОРОЏУН.
Производ создаден со голема љубов, посветеност и искуство во комбинација со чистото еколошко поднебје,
еколошките плодови од Малешевскиот регион и оригиналниот рецепт како спој на традиционалното и современото.

Врбовката е собрана од најчистите предели на Малешевијата.
Врстата на врбовка што ние ја собираме е позната по латинскиото име (Epilobium angustifolium).

Како засладувач користиме природен гроздов слад направен од органско грозје (во преод).

Бројни се здравствените бенефити од користењето на двата познати и многу употребувани производи од
грозје и врбовка (Epilobium angustifolium).

Бидете први што ќе дадете оценка за “Сируп од врбовка без додаден шеќер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оценки

Сеуште нема оценки

Политика за испорака / враќање / замена на производ

Достава низ цела Македонија. Праќаме преку Карго Експрес.
Доставата се плаќа при прием на пратката и трошокот за достава е варијабилен, зависно од тежината на пратката и висината на откупот за нарачката изнесува 90-160 ден.
Пратка 1-5 кг = 70 ден.
Пратка 5-10 кг=80 ден.
Пратка 10-20 кг = 100 ден
Откуп за пратка со вредност до 600 ден = 20 ден
Откуп за пратка со вредност над 600 ден = 50 ден
Трошок за достава до дома = 30 ден.
Пр. Доколку имате пакет со тежина од 1кг, вредност 690 ден и саката достава до дома трошокот за достава е: 70+50+30=150 ден.
Доставата е во рок од 1-3 дена.

Примаме рекламација на производите во однос на нивната исправност, несоодветна достава/оштетување при транспорт.
Доколку на купувачот му биде доставено оштетен производ, истиот потребно е да не контактира телефонски на 076/250-522, а наша обврска е што е можно побрзо да ја санираме штетата и да најдеме соодветно и брзо решение. Ние како компанија се обврзуваме да извршиме негова замена за ист производ со соодветен квалитет или пак, да го вратиме платениот износ на купувачот. Во тој случај, купувачот нема дополнителни трошоци за достава.

Може да се направи замена  на нарачка во рок од 3 дена од приемот на нарачката со образложение на причината и приложување на документот за прием на нашиот е-маил berovskiem@gmail.com. Во тој случај, трошокот за замена на производот е на сметка на купувачот.

Начин на чување:
Производите да се чуваат на суво и темно место, подалеку од сончева топлина и светлина. Не превземаме одговорност доколку производите се расипат како резултат на несоодветно чување од страна на купувачот. 

Секој купувач, кој купил наш производ има право да направи поврат на производот со приложување на потврда за направена уплата во рок од 30 дена од датумот кога била комплетирана нарачката, но, производот мора да биде во иста форма како што бил при купување, односно, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, соодветно чуван (бидејќи станува збор за храна), со сите етикети и ознаки кои ги имал при комплетирањето на нарачката.

Главно мени