Како да продавам на Погон?

За да продавате на платформата на Погон треба да одите на веб страната pogon.mk и да ја пополните формата која се наоѓа во категоријата “за продавачи” во секцијата “Започни со продажба”. Откако ќе ја пополните формата со потребните податоци ќе ви биде испратен меил со понатамошни насоки.

Дали можам сам/а да ја уредам продавницата?

Продавниците на платформата на Погон ги уредува продавачот сам.

Може ли физичко лице да продава на платформата на Погон?

Да, физичко лице може да продава на платформата на Погон.

Може ли правно лице да продава на платформата на Погон?

Да, правно лице може да продава на платформата на Погон.

Колку треба да му платам на Погон за да продавам преку платформата?

Погон не наплатува за да бидете дел од платформата со ваша продавница и да изложувате , но задржува процент од секоја направена трансакција. За остварениот промет преку платформата, Pogon.mk наплатува провизија за посредување. Наплатената провизија, по одбиените задолжителни трошоци во целост се користи за обезбедување на директни и бесплатни услуги и помош за жените жртви на семејно насилство регистирани во Центрите за правна и психолошка помош на ЕСЕ. Оттука, за она што Pogon.mk Ви го овозможува се наплатува договорена провизија за посредување од најмалку 20% на секоја направена трансакција.

Кога ќе ја добијам мојата заработката?

Вашата заработка ќе биде испалтена на крајот на секој месец.

Дали имам увид колкава продажба и заработка имам?

Со регистрирање на профил на платформата на Погон имате 24/7 увид на вашата сметка, на секоја продажба која е направена од вашата продавница и увид на вашата заработката.

Кој е одговорен за организирање на доставата на нарачаните производи?

За организирање и доставување на производите целосно е одговорен производителот/продавачот.

Дали ако сум продавач можам да купувам од другите продавници на платформата?

Да.

Дали може тимот на Погон да ми помогне да ја уредам мојата продавница?

Да, тимот на Погон ви е во секое време на располагање за решавање на сите проблеми со кои ќе се соочите.

Главно мени