Ова го правиме со цел да им обезбедиме помош и поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство.

На кој начин им помагаме на жените кои претрпеле семејно насилство?

Профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, ќе биде целосно наменет за обезбедување на помош и поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство.

Идејата за нејзиното креирање изникна од потребата за подобрување на состојбата на жената и надминување на сериозниот проблем со семејното насилство, со кој се соочуваат голем број на жени во нашето општество.

Центар за правна помош

Преку Центарот за правна помош (ЦПП), основан во 2002 година, на жените им обезбедуваме бесплатна правна помош, која вклучува правни совети од страна на адвокат, подготовка на писмени поднесоци (тужби, жалби, приговори и др.), судско застапување. Исто така, обезбедуваме и психолошка поддршка за жените за надминување на проблемот со семејното насилство и нивно зајакнување.

Со купување на производи преку ПОГОН вие директно им помагате на жените кои претрпеле семејно насилство да го надминат проблемот со насилството и останатите проблеми со кои се соочуваат.

Главно мени