Кога ќе го пронајдете производот кој сакате да го купите, селектирајте ги посакуваните опции и кликнете на копчето “Во кошничка”. Во кошничката можете да додавате повеќе различни производи или да продолжите на страницата за плаќање.
Дали треба да креирам корисничка сметка за да купувам од Pogon.mk?
За да купувате на Pogon.mk не треба да креирате корисничка сметка. Доволно е само да ја внесете вашата e-mail адреса. Сепак, креирањето на корисничка сметка е бесплатно и нема да ви одземе дополнително време. Со креирање на корисничка сметка можете побрзо да го завршите процесот на купување, да ги прегледате вашите претходни нарачки, да направите промени на информациите на вашиот профил и да ја промените вашата лозинка.
Ја заборавив лозинката?
Доколку креирате корисничка сметка и се случи да ја заборавите лозинката, следете ги инструкциите кои ги задава нашиот систем за да можете да дојдете до нова лозинка. Ако имате проблем при менувањето на лозинката ве молиме исконтактирај нè за да ви помогнеме.
Како можам да извршам плаќање?
Плаќањето на Pogon.mk се врши само онлајн со платежни картички. Може да купувате со сите дебитни и кредитни картички од која било банка (Visa, Mastercard, Maestro).
Кои лични податоци ги споделувам со вас во процесот на наплата?
За да се изврши наплата од вашата платежна картичка, во полето за наплата потребно е да ги внесете следниве податоци: бројот на картичката без празен простор помеѓу броевите, име и презимe на сопственикот на картичката, датум на важност на картичката, како и CVC/CVV код кој се наоѓа на задната страна на картичката.
Дали податоците кои ги внесувам при процесот на наплата се заштитени?
Секоја трансакција на Pogon.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на Комерцијална Банка. Податоците кои ги внесувате при плаќањето од вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувaaт преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка и во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не се достапни на нашиот систем.
Дали можам да направам нарачка за друго лице?
На Pogon.mk можете да направите нарачка и за друго лице.
Дали на Pogon.mk можам да купам подарок?
Да, можеш да купиш производ за друго лице или за подарок и да ги наведеш податоците и адресата за лицето што ќе ја прими нарачката.
Како се одвива доставата на производите?
Начинот на достава на производите кои сте ги нарачале е одреден од секој изложувач засебно заради специфичноста на производите. Покрај секој производ, а во рамки на секоја од продавниците, можете да најдете детален опис на текот на испорака. Исто така и времето за испорака е различно за секој купен производ и е наведено како информација веднаш до секој производ во полето “Информации за испорака”
Производите кои ги купив ми беа испорачани оштетени? Како да ги вратам?
Кога ќе ја добиете нарачката, проверете го вашиот пакет во присуство на курир. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да се прифаќа. Ако ја примите пратката и, откако ќе ја отворите, воочите дека испорачаните производи не одговараат на нарачката, ве молиме исконтактирај нè во нај брз можен рок, најдоцна до 15 дена на contact@pogon.mk за да ви дадеме инструкции како да ја замените нарачката.
Купив производи од Pogon.mk но би сакал/а да ги вратам?
Како купувач имате право да го вратите производот кој сте го купиле доколку не ги исполни вашите очекувања. Производот кој го враќате мора да биде во согласност со Политиката за поврат на производи на продавницата од која сте го избрале вашиот производ, во спротивно повратот нема да биде прифатен. До секој производ во секоја продавница има детален опис за полтиката за поврат на производи. Во случај враќањето да не може да се прифати, производот ќе му биде вратен на купувачот.
Купив персонализиран производ но би сакал/а да го вратам?
Персонализираните производи, поради нивната специфичност, не се враќаат.
Рефундирање на средства
За сите производи кои ќе бидат успешно вратени, а за истите има побарување на поврат на средствата, истите ќе бидат вратени на сметката на кредитната/дебитната картичка со која се извршила наплатата на нарачката. Трошоците за испорака нема да бидат вратени. Повратот може да трае до 30 работни дена. Ако имате било какви прашања или ви требат подетални информации за процесот на враќање, можете да нè контактираш на contact@pogon.mk