Да си социјално одговорно претпријатие значи дека Економските цели ги остваруваш на тој начин што ќе придонесеш за доброто на општеството и животната средина.
Преку овој модел, економските и социјалните цели на претпријатијата се спојуваат, со цел решавање на општествените проблеми и предизвици, овозможување помош и поддршка на малите формални и неформални бизниси, и задоволување на потребите на одредени ранливи групи во општеството.
За развој на социјалното претпријатие, неопходно е и подигање на свеста кај населението за потребата од развој на одговорни потрошувачки навики и промовирање на концептот на етички конзумеризам.
Во случајов Погон, преку користење на економски принципи ќе се стреми да и служи на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Дополнително, собраните средства ќе се искористат за непречано обезбедување на помош и поддршкана жените кои претрпеле семејно насилство.
Како социјално претпријатие се стремиме кон користење на иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој, и делуваме во насока на обезбедување на простор за развој на неформални производители и даватели на услуги како и зајакнување на соработката помеѓу формалните и неформалните бизниси.