Правила и услови за користење на веб страната Pogon.mk

Посетител е секое лице кое преку средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.pogon.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги.

Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на pogon.mk нарачува и купува производи и/или услуги од понудата.

Продавач е физичко или правно лице кое произведува/ изработува и продава производи или пака обезбедува некаков вид на услуги.

За купувачите и продавачите, кои стапуваат во деловен однос со pogon.mk се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија кои се однесуваат на заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите.

Регистрација на купувачот

Купувачот кој сака да нарача и купи производ или услуга од Погон преку веб страната pogon.mk потребно е по одбирањето на производот и негово ставање во кошничката за купување да внесе име и презиме, е-маил, контакт број и адреса на живеење, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката.

Купувачот може да изврши купување со или пак без регистрација. Единствена разлика помеѓу регистрираните и не регистрираните купувачи е тоа што оние кои се регистрирани на платформата ќе имаат можност да добиваат извесувања за новитетите и тековните попусти и понуди како и целосен увид на нивниот профил/сметка.

Секој купувач со пополнување на образецот при купувањето на веб страната pogon.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/услуга од понудата, купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страната на pogon.mk.

pogon.mk го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине платформата Погон. Во овие случаи истото ќе биде објавено на pogon.mk.

Услови и правила за купување

Pogon.mk е електорнска платформа за изложување, продавање и купување на уникатни производи. Сите трансакции преку платформата се одвиваат по електорнски пат овозможен од Комерцијална банка АД, Скопје која гарантира за безбедноста и точноста на трансакциите.

pogon.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на платформата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи од понудата на pogon.mk

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, pogon.mk има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Правила и услови за продавачи на веб страната Pogon.mk

Со пополнување на формата за регистрација на продавачи Pogon.mk Ви овозможува простор за Ваша индивидуална продавница, преку која ќе можете да ги изложувате, промовирате и продавате Вашите производи/услуги.

Регистрацијата, отворањето на Вашата продавница и започнувањето со продажба се без надомест, a Вие покрај простор добивате и месечно информирање на нашите следбеници за Вашиот бренд како дел од промоцијата на Pogon.mk, еднократна помош и поддршка при поставувањето на продавницата и увид во продажбата во секое време.

За остварениот промет преку платформата, Pogon.mk наплатува провизија за посредување. Наплатената провизија, по одбиените задолжителни трошоци во целост се користи за обезбедување на директни и бесплатни услуги и помош за жените жртви на семејно насилство регистирани во Центрите за правна и психолошка помош на ЕСЕ. Оттука, за она што Pogon.mk Ви го овозможува се наплатува договорена провизија за посредување од најмалку 20% на секоја направена трансакција.

Во случај да продавачот е физичко лице во 20%, Pogon.mk пресметува банкарска провизија за секоја направена трансакција од најмалку 2.4% проценти, провизија за секое префрлување на остварениот промет на сметката на продавачите помеѓу 7 и 20 денари зависно од износот кој се префрлува, и персонален данок на доход кој го плаќа Pogon.mk за секој продавач, на износот на средства кој се префрлува на истиот.  Остатокот на средства останува во ЕСЕ и се користи за за обезбедување на директни и бесплатни услуги и помош за жените жртви на семејно насилство регистирани во Центрите за правна и психолошка помош на ЕСЕ.

Во случај да продавачот е правно лице во 20%, Pogon.mk пресметува банкарска провизија за секоја направена трансакција од најмалку 2.4% проценти  и провизија за секое префрлување на остварениот промет на сметката на продавачите помеѓу 7 и 20 денари зависно од износот кој се префрлува.  Остатокот на средства останува во ЕСЕ и се користи за обезбедување на директни и бесплатни услуги и помош за жените жртви на семејно насилство регистирани во Центрите за правна и психолошка помош на ЕСЕ. Остварениот промет преку Pogon.mk намален за задолжителната провизија се префрлува на истиот по доставена фактура со вклучен ДДВ. Pogon.mk не е ДДВ обврзник и обврската за ислата на истиот е на товар на продавачот.

Главно мени