Ви недосасува свежина во вашиот дом или канцеларија? Немате идеја за оригинален подарок?

Еве убава идеја за вас. Декорирајте го вашиот простор или подарете рачно изработени украсни дрвца или чувари на сонот кои го оплеменуваат просторот и му даваат топлина и шарм.

Сите изработки се производ на мојата фантазија или пак се инспирација од некоја слика. Бидејќи се оригинални, направени без намера да се копираат, со сигурност ќе имате уникатен декор во вашиот дом.

Доколку изберете некоја од изработките за подарок, преку подарување на оригинално парче, ќе покажете дека личноста е исклучително сакана и почитувана.

Главно мени