Некој кажал: “Дрвото е како Човекот. Исто е.” и бил во право. Во Јапонија за Човек и Дрво го користат истиот назив.

ГОРА е идеја создадена за подигање на свестта за есенцијалната важност на шумата, на гората, на дрвото и нивната апсолутна презервација. Во време кога цел свет е во потрага по алтернативни решенија за одржување на еко-системот, ова е нашиот активен придонес кон тоа.

Користејќи го моделот на циркуларна економија и креативна ре-употреба, се роди ГОРА, а се отелотвори во рацете на искусниот Вањо Чучков, вљубеник во Дрвото и столар со повеќе од 30 годни искуство.

Вдахнуваме втор живот на Дрвото. Вместо Чад и Пепел, во вашите раце држите парче уметност, парче живот, кој пулсира заедно со Вас.

Секој модел е единствен и неповторлив, како и материјалот за нив.

Со секој купен производ, вашите пари се додаваат во Гора Фондот, кој е фонд за создавање на на нови гори (физички). Ветуваме, наскоро со уште поголемо изненадување по оваа тема.

Нашите производи се направени од употребено, отпадно, огревно или веќе отсечено дрво. За ниеден од овие производи не е отсечено здраво и ново дрво. 

Ние сме тука и Стоиме Исправени.
Ве покануваме и Вас да бидете дел од Нас.

Главно мени