Влезете во нашиот какти свет исполнет со рачно изработена љубов!

Оваа наша приказна започна сосема спонтано во 2017 и благодарение на вас сеуште трае! Најпрвин почнавме со изработка на дрвени садчиња кои ги полниме со омилените боцкави растенија, а потоа со текот на времето и потребите, нашиот спектар на изработки се збогати. Дрвени подметачи за чаши, магнети, привезоци, дрвени планини, потпирачи за книги се само дел од изработките кои може да ги најдете на оваа онлајн продавничка. Како главно обележје на нашите изработки се рачно испишаните пораки! Текстот на секоја изработка може да биде по ваш избор, а секако тука сме и ние да ви дадеме по некој предлог или мала инспирација.

Главно мени