Орнаменти е продавница за подароци и македонски традиционални производи и сувенири, спој на традиционалниот и современиот дизајн, талентот и креативноста, која нуди поинакво искуство при купувањето веќе 22 години.

Сместена е во центарот на градот, на улица Максим Горки бр. 20.

Асортиманот го сочинуваат предмети и украси за, уредување и декорација на домот, предмети за лична употреба, асесоари, чанти, марами, кошули, паричници, ремени, рачно плетени капи и шалови, шапкиза, секоја сезона, ракавици, топлинки од вистинско крзно… и секако делот кој го сочинуваат производите со традиционални мотиви, милиња и чаршафи, рачно изработени со народен вез, слики на дрво со фолклорни мотиви, бележници за книга кои се исто така со традиционални мотиви, везени со препознатливите галички и скопски вез.

Главно мени