Logo
0 out of 5

Еуро Данвест Дооел, е генерален застапник за Staedler во Макеоднија. 

Пелетата на производите FIMO, отсега достапна и на ПОГОН.

Производите на FIMO не се само совршени за уметност, слободно време и хоби, туку можат да се употребуваат и за педагошки цели во градинките и училиштата. Ја поттикнуваат креативноста и имагинацијата како и моторни вештини. Секој може да биде креативен со FIMO и да моделира импресивни домашни декорации, подароци и прекрасни предмети.

Благодарение на различните типови на FIMO глината за моделирање, секој може да ја користи:

ШТО Е FIMO?

  • Глина за моделирање која се пече FIMO
  • FIMO може да се испече во рерна на 110 степени целзиусови. Максималната температура несмее да биде повеќе од 130 степени целзиусови.
    Исклучок: FIMO со ефект на кожа мора да биде печено на 110 степени целзиусови за 30 минути, но доколку преовладува смесата од фимо софт ефект или професионал може фимото со кожен ефект да се пече на 130 степени целзиусови и сто тоа да се комбинираат сите меѓусебно.
  • Веќе зацврстени FIMO елементи, можат повторно да бидат печени кога употребувате техники кои бараат неколку пати да се зацврстуваат.
  • Сите FIMO видови кои се печат може да се мешаат едни со други. Во случај да сакате да измешата FIMO кожен ефект со FIMO professional или FIMO soft, во тој случај, ефектот на кожа би бил намален.
  • Глината може да финиширана со специјални FIMO лакови и да се бои со соодветни акрилни или маслени бои кои се отпорни на пластификаторот.
  • FIMO може да биде струган и полиран.
  • Дупчињата за FIMO накитот за конец или друг материјал, може да бидат направени пред печење со игла или после печењето со бушење.
  • Скршени делчиња FIMO, може повторно да се залепат со супер брз лепак.
  • Можете да употребувате модли.
  • Доколку сакате FIMO елементите да ги измиете, тоа може само на рака. Да не се употребува машина за перење затоа што течноста во машините е премногу агресивна и може да го уништи.
  • За да ги заштитите FIMO коцките откако се отворени, препорачуваме да ги чувате во алуминиумска фолија или кесички со механизам за затварање, во ладно и суво место.
  • Доколку FIMO глината е премногу цврста, постои специјален омекнувач Mix Quick кој се додава на глината и се меси додека не се опушти.



Главно мени