На 20 август одржавме уште една работилница за изработка на производи од епоксидна смола и полимерна глина, на која жените работеа на изработка на финални продукти на накит. Оваа работилица претставува продолжување на процесот на создавање на нова линија на накит за ПОГОН.
Преку нашата онлајн платформа pogon.mk овозможуваме изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги.













