Работилница за изработка на производи од епоксидна смола и полимерна глина

  • 20250926_105838
  • 20250926_105846
  • 20250926_105856
  • 20250926_105900
  • 20250926_105907
  • 20250926_105914
  • 20250926_105922
  • 20250926_105925

На 26 септември во просториите на Здружението ЕСЕ, во соработка со Милица Гавриловска, одржавме работилница за изработка на производи од епоксидна смола и полимерна глина, на која  жените работеа на изработка на финални продукти на накит. Оваа обука е дел од серијата обуки кои овие жени ќе ги добијат во текот на 2025 година.

Активно се трудиме да придонесеме за подобрување на состојбата на жената и надминување на сериозниот проблем со семејното насилство. Преку нашата онлајн платформа pogon.mk овозможуваме изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги.

Главно мени