Women Empowerment Bracelet – Velvet

1.000 ден

Out of stock

Категорија:

Накитот е дел од колекцијата “Pogon Unique Products”. Оваа колекција на накит е дизајнирана и изработена од Дани, Мира, Марга, Шемка, Камелија, Стојанка и нивните деца.

 

Со секое купување на производи од линијата “POGON-unique products” издвојувате 20% од купениот износ за обезбедување за бесплатна правна и психолошка помош на најмалку 170 жени годишно и 80% за економско зајакнување на жените и децата кои работеа на развој и пласирање на оваа колекција.

 

Накитот е изработен од епоксидна смола и метал (механизми за спојување). Накитот е лесен и пријатен за носење. Секое праче е уникатено и изрботено рачно во само еден примерок. Дополнително, нудиме можност за изработка на накит според Ваши насоки.

 

Конктактирајте не на 02/3298 295.

Политика за испорака / враќање / замена на производ

I.     Начин на испорака

Вршиме достава на територија на цела Република Северна Македонија. Доставата може да се изврши преку Тотал Пост Логистик до Вашето место на живеење во временски период од 1 до 3 работни дена  (опција 1) или производот може да го подигнете директно од кај производителот (опција 2).

 

Опција 1:  Доколку ја одберете оваа опција трошокот за испорака го плаќате Вие при прием на пратката. Трошокот за испорака зависи од тежината на пратката и вредноста на нарачката (за повеќе детали види ценовник).

 

Односно цената на испорака изнесува:

-      За пакет со тежина од 0 – 1 кг = 130 денари 

-      За пакет со тежина од 1 – 3 кг = 150 денари

-      За пакет со тежина од 3 – 5 кг = 170 денари

-      Дополнително, над овој трошок за нарачки до 3.000 денари се плаќа и надомест од 30 денари, а  за нарачки над 3.000 денари се плаќа надомест од 1% од износот на нарачката. 

 

На пример: Доколку нарачате пакет со тежина од 2кг во вредност 1.000 денари, трошокот за достава е: 150 + 30 =180 денари

 

Опција 2: Доколку сакате производот да го подигнете сами, Ве молиме наведете го тоа во делот “коментар – порака за производителот” при вршење на нарачката. 

 

II. Враќање/замена 

ПОГОН нуди можност за враќање и замена на производите. Доколку утврдите неисправност или пак добиете оштетен производ потребно е тоа да го пријавите на 02/3298 295, а ние имаме обврска да контактираме со производителот во најкраток можен рок. Во ваков случај нудиме можност за замена за ист производ или враќање на платениот износ. За замена и враќање сите дополнителни трошоци ги сноси производителот (неисправност) или ПОГОН (оштетување при транспорт). 

 

Дополнително, ПОГОН нуди можност за замена во рок од 3 дена од денот на прием на производот во случај кога производот отстапува од описот наведен на интернет страницата (пример: различна боја од онаа на сликата, различен облик, итн.). Во овој случај купувачот е должен да достави писмено барање за замена,  соодветно образложение и потврда за денот на прием на пратката. Барањето за замена треба да се достави на pogon@pogon.mk.

Главно мени