Центарот за правна помош (ЦПП) е основан во 2002 година, со цел обезбедување на бесплатна правна помош за жените, која подразбира: обезбедување на правни совети од страна на адвокат, подготовка на писмени поднесоци (тужби, жалби, приговори и др.), судско застапување. Паралелно, обезбедуваме и психолошка поддршка за жените за надминување на проблемот со семејното насилство и нивно зајакнување.
Од неговото основање ЦПП има обезбедено бесплатна правна помош за повеќе од 4000 жени кои претрпеле семејно насилство и Вие преку ПОГОН можете директно да придонесете за остварување на една повисока општествена цел, подобрување на состојбата на жените кои претрпеле семејно насилство.
Помошта која ја обезбедуваме во ЦПП е неопходна за жените да можат да го надминат проблемот со семејното насилство и поврзаните правни проблеми со кои се соочуваат:
- граѓански постапки за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство;
- кривични постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство;
- развод на брак;
- старателство;
- издршка;
- имотни односи;
- друго.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации посетете ги страниците на ЕСЕ на подолунаведените линкови: