Како дел од редовните напори на ЕСЕ за поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство во насока на економско осамостојување и одржливост, на 23 мај во просториите на ЕСЕ во соработка со Мирко Трајановски за корисничките на Центарот за правна помош во ЕСЕ беше спроведена обука за креирање на бренд, промоција и продажба на производи преку социјални медиуми, со наслов „Мој бренд, моја приказна: Како да се презентирам себеси и својот производ”. Оваа обука е дел од серијата обуки кои овие жени ќе ги добијат во текот на 2025 година.








