100% РАЧНО ПРОИЗВЕДЕНИ ПРОИЗВОДИ – HAND MADE

Ние не сме индустрија, ние сме мала семејна компанија и произведуваме производи според свои оригинални рецепти,
а суровините  ги собираме од најчистите предели на Малешевијата.
Произведуваме во мал производствен погон уреден според НАССР стандардите за квалитет на храна. 

Љубители сме на природата и здравата храна.
Веруваме дека здравјето доаѓа од природата.

Едни од ретките примери сме, кои одлучиле урбаниот живот во главниот град – Скопје, да го заменат со живот во едно рурално подрачје како што е Берово и Малешевијата.
Одминува осмата година како чекориме по Малешевските Планини, ливади и шуми. Како дишеме од чистиот воздух кој според концентрација на кислород е на прво место во Европа, а четврто во светот.
Секој нов ден, го живееме исполнети со радост и задоволство за нашата одлука и изборот нашите дечиња да ги растеме во
здрава и безбедна животна средина.
Во овој спокој и чистина го најдовме и нашиот извор за егзистенција.
Се што собираме и произведуваме е исполнето со внимание, љубов и серизна посветенот. 
Нашето главно мото е:  „Квалитет пред квантитет“!

Фотографија: Беровски Производи- Бороџун (авторски права) 

Тамо зората греит душата
И с’нце светло зајдвит в гората,
Тамо дарбите природна сила
Со с’та роскош ги растурила,
Бистро езеро гледаш белеит
Или од ветар сино – темнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде Божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,
С’нце да зајдвит, ја да умирам.

Константин Миладинов

Главно мени