Политика за испорака / враќање / замена на производ

Достава низ цела Македонија. Праќаме преку Виа Пост.
Доставата се плаќа при прием на пратката и трошокот за достава на пакети до 10кг е 150 ден. Доставата е до врата.
Достава 3-5 работни дена.

Примаме рекламација на производите во однос на нивната исправност, несоодветна достава/оштетување при транспорт.
Доколку на купувачот му биде доставено оштетен производ, истиот потребно е да не контактира телефонски на 076/250-522, а наша обврска е што е можно побрзо да ја санираме штетата и да најдеме соодветно и брзо решение. Ние како компанија се обврзуваме да извршиме негова замена за ист производ со соодветен квалитет или пак, да го вратиме платениот износ на купувачот. Во тој случај, купувачот нема дополнителни трошоци за достава.

Може да се направи замена  на нарачка во рок од 3 дена од приемот на нарачката со образложение на причината и приложување на документот за прием на нашиот е-маил berovskiem@gmail.com. Во тој случај, трошокот за замена на производот е на сметка на купувачот.

Начин на чување:
Производите да се чуваат на суво и темно место, подалеку од сончева топлина и светлина. Не превземаме одговорност доколку производите се расипат како резултат на несоодветно чување од страна на купувачот. 

Секој купувач, кој купил наш производ има право да направи поврат на производот со приложување на потврда за направена уплата во рок од 30 дена од датумот кога била комплетирана нарачката, но, производот мора да биде во иста форма како што бил при купување, односно, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, соодветно чуван (бидејќи станува збор за храна), со сите етикети и ознаки кои ги имал при комплетирањето на нарачката.

Главно мени