МАСКИ Aкрил на платно 50×70
8.000 ден
Продавница: Julija Barbun
Има на залиха
Време за испорака: 3-5 работни дена
ЛАЖНИ МАСКИ
Што сме ние?
Суштества кои се кријат зад различни маски!? Маски на лажна среќа, бескрајна љубов, братска верност?!
“Хммм…дај денес за доручек ќе ја изберам дволичноста, а за вечера ќе изберам заљубени очи и беспрекорна насмевка, ќе ми треба.”😍😁
Постоиме во свет на лаги, лажни ликови и изопачени чувства. Се преправаме, се прикриваме.👺🤡
Зад тие маски што ги ставаме на лицата се криеме како да се штитови во војните. Го браниме она најскапото, најранливото, го чуваме себично само за себе.🛡🏹
Зашто така е полесно, полесно е да ја играме играта која нема крај. Во која нема победници и губитници….
….или сепак ИМА?!
Бидете први што ќе дадете оценка за “МАСКИ Aкрил на платно 50×70” Откажи одговор
Оценки
Сеуште нема оценки