Purple Pine
900 ден
Има на залиха
Рачно изработено украсно дрвце во виолетова и црна боја. Дрвцето го добивате спакувано во украсна кутија.
Висина: 26 cm
Дрвото како симбол се појавува во различни култури, симболизирајќи преродба, позитивна енергија и нови почетоци; личен развој, уникатност и индивидуална убавина, а виолетовата боја пак се поврзува со мудрост, достоинство, независност, креативност, мистерија и магија.
Затоа, ова дрвце би било вистински подарок за љубителите на виолетовата боја кои, според психологијата на боите, се невообичаени, остроумни и креативни, луѓе кои сакаат уникатни работи, имаат тенденција да живеат во своите соништа и да го градат својот живот според свои принципи и правила.
Политика за враќање / замена на производ
Производот може да се врати во рок од 2 дена по приемот доколку не соодветствува со направената нарачка.
Оценки
Сеуште нема оценки