-
-
ИНСПИРАЦИЈА Акрил на платно 40×40
ИНСПИРАЦИЈА
Виорот од некаква твоја внатрешна инспирација која од кога си ја почувствувала не те остава на миг.
Од која што понатаму нема назад..
После која веќе не си ист,се трансформираш,се менуваш…. се претвораш во тоа што никогаш не си ни можела да замислиш.
Инспирацијата која што ти дава нов поглед кон поинаква….ти…
10.000 денИНСПИРАЦИЈА Акрил на платно 40×40
10.000 ден -
ЈАС СЕ МОЖАМ Акрил на платно 40×90
Я ВСЕ СМОГУ
И да можеше се сама, сама свој мотиватор,сама свој мотор,креатор и реализатор.
Жена ураган,движечка сила кога сите стојат,таа е брза и никогаш запирлива.
Кога сите се предаваат,таа не спушта раце и никогаш не отстапува.
Таа е толку јака и тврдоглава секогаш борбено иде напред, да руши нови бариери.
Но, очите и насмевката ги откриваат најнежните нејзини мотиви. Таа милост и женственост на кревка и нежна жена која што се крие внатре во неа.
Жена за се…во која има љубов,посветеност,внимание и толеранција за сите.
Таа е права девојка, верна жена,вистински пријател…јас сум нејзината реплика, а таа е мојата
18.500 денЈАС СЕ МОЖАМ Акрил на платно 40×90
18.500 ден -
-
НЕ ИЗДАВААТ… Акрил на платно 60×80
НЕ ИЗДАВААТ….
Ставајќи ги секојдневно маските на нашите лица.
Прaвејќи се тоа што не сме…
Криејќи се од реалноста…
Забораваме дека не издаваат ОЧИТЕ
10.000 денНЕ ИЗДАВААТ… Акрил на платно 60×80
10.000 ден -
ОГАН Акрил на платно 50×50
ОГАН
Жената е чист оган. Таа не се остава без надзор.
Или ќе изгасне да не можеш да ја вратиш или се ќе запали во бестрага,да не можеш ништо да спасиш.
Таа е полна со страст,енергија и пламени на емоции кои никогаш до сега не си ги осетил. Кои што те допираат со нејзиниот поглед кој што продира толку длабоко во тебе што пред да се свестиш веќе таа те има.
Затоа ако се плашиш од нејзиниот оган подобро не си играј, ќе изгориш.
13.000 денОГАН Акрил на платно 50×50
13.000 ден -
РАЈ Акрил на платно 50×70
РАЈ
Рај, каде што се е светло, миризливо и безгрижно. Каде што цветаат различни цвеќиња и се осеќаш мирно, топло и сигурно.
Живееш во него не знаејќи за друго….но дали и во рајот е се така розево и невино….?
Не би рекла….
8.000 денРАЈ Акрил на платно 50×70
8.000 ден -
СИЛА Акрил на платно 50×50
СИЛА
Силата се крие во нејзината слабост. Нeјзините мани и слабости се во едно и нeјзините доблести.
Силата е во нежноста,добрината, наивноста и во искрените до солзи очите.
Слабости кои што секој може да ги искористи и злоупотреби…но, тоа добродушно и безвозвратно ги дава….
Ја дава таа љубов без надомест….затоа што во тоа е нејзината сила.
10.500 денСИЛА Акрил на платно 50×50
10.500 ден -
СМИРЕНОСТ Акрил на платно 40×40
СМИРЕНОСТ
Можеш да бидеш мирна,тивка и кротка…
Но, само за момент….
За момент кога од безисходност почнуваш да ги креваш рацете за да се предадеш…
Помислувајќи дека веќе немаш сили да се бориш,да се спротиставиш. Мислејќи дека веќе не вреди…
Но, само за момент…
5.000 денСМИРЕНОСТ Акрил на платно 40×40
5.000 ден -
СТРАВ Акрил на платно 50×70
СТРАВ
Страв пред непознатото…
Страв од пустош кое што го носи новото време….
А кога било по инаку?!
Новото време не научи дека нема безизлезни ситуации, излишни луѓе и случајни средби.Ништо не е случајно и никој не е случаен…
8.000 денСТРАВ Акрил на платно 50×70
8.000 ден -
ТИШИНА Акрил на платно 60×80
ТИШИНА
Тука сум…дишам…постојам, а незабележива сум
Тивка, мирна и повлечена, навидум.
За сите други очи, нo не и за самата себе.
Се кријам во својот оклоп за да се спознаам себе си, за да се откријам.
Вријам во себе,горам од внатре за да изгорам….
Стоиш ти,присутен си, ме погледнуваш, а меѓу нас…..
18.500 денТИШИНА Акрил на платно 60×80
18.500 ден -
ТОА СИ ТИ Акрил на платно 40×40
ТОА СИ ТИ…. ⠀
“Со светнати очи од радост во тебе…
Секогаш весела и насмеана…
Со полни гради живот во тебе…
Секогаш динамична, страстна, креативна и возбудена, мафташ со рацете и воодушевено нешто раскажуваш….
Тоа си ти кога не сакаш да ја покажеш нервозата, само испушташ тивки нечовечки крици…
Тоа си ти енергична и нежна…
Тоа си ти збир на карактеристики што те прават посебна…
Тоа си ти разуздена и непостојана како вода…
Тоа си ти арогантно своја, пркосна на сама себе…
Тоа си ти движечка сила на воочување, осмислување и создавање…
Тоа си ти креативност сама за себе…
5.000 денТОА СИ ТИ Акрил на платно 40×40
5.000 ден